Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

122

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе биде помеѓу 7 и 15, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, попладне со локален пороен дожд. Температурата ќе се движи од 12 до 26 степени.

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град, особено в недела.