Презентирани содржините на проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“

67

Велосипедска патека, тераси, летниковци и спортски игралишта – содржини на проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“

Општина Прилеп го презентираше Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти, за потпроектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“.

Според Борче Јанкулоски, проектен менаџер, презентацијата на потпроектот има за цел да се изврши презентација на списокот на активности и интервенции кои се предвидени, со посебен осврт на мерките од списокот за проверка на Планот за управување со животната средина и социјалните аспекти. Како што напомена Јанкулоски, важно е да се истакне дека потпроектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“, е изработен врз основа на Националната правна рамка и Политиката за заштита на животната средина и социјална политика на Светска банка.

– Во проектот е планирано да се изведат пет поединечни потпроекти: изведба на целосно осветлена велосипедска патека од потегот „Маркова чешма“ до с. Присад во должина од 7,3 километри и ширина од 3 метри, уредување на пристапна улица со паркинг простор од некогашниот мотел на вештачкото езеро, од каде продолжува рекреативно-излетничката зона како дел од проектот за уредување на мултимедијален простор со три тераси, шест летниковци и урбана опрема каде ќе може да се организираат разни настани и културни содржини. Исто така, планирано е да се изградат две спортски игралишта, пешачка патека во должина од 750 метра, а ќе бидат поставени и клупи и канделабри. Имплементацијата на проектот има за цел да ја зголеми пристапноста на ова подрачје како зона за активен туризам и да го врати некогашниот сјај на езерото – вели Јанкулоски.

Проектот „Прилепско езеро – Нови авантури, нови можности“ во износ од 850.000 евра, е финансиран од ЕУ и сопствено учество на Општина Прилеп, а администриран од проектната канцеларија на Светска банка.

Ка.М.