Првото место на маратонката Валентина Узунова посветено на Ѓурѓица Ќаева

50

ГЕВГЕЛИЈА

Валентина Узунова, маратонката од Гевгелија и членка на атлетскиот клуб „7 Ноември“, неодамна го освои првото место на полумаратонската трка „Охрид трчат 2020 година“, во категоријата 50+. Исто така, се најде на 13-то место во генералниот пласман на жени.
Нејзиниот натпреварувачки дух им го посветува на лицата заболени од пулмонална хипертензија, а овој пат својата победа ѝ ја посвети на Ѓургица Ќаева, гевгеличанката што го загуби животот во битката со оваа тешка болест.
– На оваа трка, освен Валентина Узунова, учествуваа и Атанас Епов, Никола Ковачев, Ангел Арнаудов и Стојан Делев, кои исто така се членови на атлетскиот клуб од Гевгелија „7 Ноември“. Шестото место во категоријата трка на пет километри, со истрчано време од 20 минути и 12 секунди, го освои Атанас Епов, додека Никола Ковачев 62-то место, а Ангел Арнаудов 142-то место – информираат во општината.
„Охрид трчат 2020“ се организира четврти пат, со 500 учесници, со почитување на протоколите и насоките од Комисијата за заразни болести.