Празник на фолклорот и песната

112

На отворената сцена во поранешното ракометно игралиште, синоќа, пред голем број љубители на народниот фолклор и песна од Битола, земјата и странство, свечено беше отворено 49-тото издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“.

– За време на фестивалските денови преку своите песни и игри да ја пренесете универзалната порака на прифаќање и почитување на различностите. Вие сте вистински амбасадори на културата – рече Горан Мисовски, потпретседател на Собранието кое е покровител на фестивалот.

Од името на градот домаќин, учесниците на фестивалот ги поздрави градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, а во име на организаторот – директорката на НУ Центар за култура – Битола, Маја Андоновска Илијевски.

Според програмата, на петте фестивалски вечери ќе настапат играорци од три континенти кои ќе ги презентираат националната традиција, фолклорни богатства и култури.

М.М.