По 30.000 денари за пиротехничарите што ги отстранија гранатите во Битола

194

По предлог на претседателот на Владата на Северна Македонија, Зоран Заев, Владата денеска донесе одлука со еднократна парична награда во висина од 30.000 денари да бидат наградени 7 пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување.

Наградата е за нивниот ангажман во пронаоѓањето, отстранувањето и уништувањето на над 7.000 парчиња, или 52 тони гранати, кои беа пронајдени на 27 октомври во близина на Градскиот стадион во Битола.
М.М.