Почнува летната серија трки на плажа

65

Со трка во Скопје започнува серијата трки покрај вода Beach Run што ги организира здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“.

Планирано е да се одржат вкупно пет трки на туристички дестинации покрај вода. Покрај онаа во Скопје, во сабота ќе се одржи трка во Претор, на 7 јули во Дојран, на 22 јули во Маврово и завршната трка ќе биде на 29 јули во Охрид.

Првите три трки се на пет километри, а во Маврово ќе се трча полумаратон. Трката во Охрид ќе биде на 10 километри.

Организаторот информира дека може да учествуваат сите оние кои го сакаат трчањето. Остварениот резултат на секоја од трките носи соодветен број бодови според кои се формира табела со резултати, чиј финален исход ќе ги даде победниците на летната лига во трчање.

За победниците на секоја од трките и на целата лига е обезбеден награден фонд од 164 илјади денари. Првите три места во машка и во женска конкуренција ќе добијат 3.000, 2.000 и 1.000 денари, а за првите три места во вкупниот пласман се обезбедени ваучери и тоа за трето место ваучер за спортска опрема од 6.000 денари, за второ ваучер за спортска опрема од 12.000 денари и за прво место спортски часовник Garmin Forerunner 935 во вредност од 34 илјади денари.

Пријавувањето за учество се врши преку веб страната www. prvdovrv.mk.

На минатогодишното издание на серијата трки учествуваа 500 учесници.