Почна реконструкцијата на патот за Маловиште

411

Во присуство на министерот за земјоделие, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието Никола Бабовски и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, денеска во селото Кажани официјално беше означен почетокот на реконструкцијата на патот Кажани – Маловиште, кое е единствено село, сместено во Националниот парк „Пелистер“.
Означувајки го почетокот на градежните работи министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Трајан Димковски истакна дека преку програмата за рурален развојот од страна на Владата е обезбедена финасиска поддршка во износ од 38 милиони евра за вкупно 200 проекти во државата.
Битола за овие средства аплицираше со три проекти, во вкупна вредност од 27 милиони денари.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството, Никола Бабовски, најави дека преку Програмата за рурален развој обезбедени се 16,3 милиони денари грант средства, кои ќе бидат искористени за реконструкцијата на патот Кажани – Маловишта, кој ќе се реконструира дури по цели 40 години.
Инаку Битола за овие средства аплицираше со вкупно 6 проекти, од кои три се од Агенцијата за финансиска поддршка на руралните средини, 3 преку Планскиот регион.
Вкупната поддршка за овие проекти изнесува 42 милиони денари, изјави директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на руралните средини, Никола Бабовски.
Градоначалничката на Битола, Наташа Петровска изјави дека општината Битола за реконструикцијата на патот издвои 2,3 милиони денари, сопствени средства.
– Општината не е само градското јадро, туку цел опфат околу градот и тие политики во таа наскоа ние ги движиме. За овој проект општината Битола покрај средствата кои ги издвои учествуваше со изготвување на планска документација како и одлуките на седница на Советна општината – рече Петровска.

М.М.