Почна реконструкцијата на базенот во Струга, се очекува да биде отворен до крајот на 2020

92

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, го најави почетокот на реконструкцијата на базенот во Струга. Тој рече дека ова е еден од најголемите проекти на АМС и дека се очекува базенот да биде отворен на крајот на 2020 или почетокот на 2021 година.
– Во разговор со лица инволвирани во спортот, пливачи и граѓани на Струга ни укажаа дека базенот е еден од главните приоритети и нешто што ќе помогне Струга повторно да блесне во вистинскиот сјај – рече Каевски.

Тој истакна дека бил потребен подолг период за обезбедување на документацијата.

Исто така, Каевски рече дека откако ќе биде отворен базенот, очекува да бидат отворени пливачки и ватерполо клубови во градот.