Пороен дожд проследен со ветер го зафати Кичево и околината

410

Во раните попладневни часови Кичево и околината ги зафати невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер од западен правец и грмежи.

За неполн час, додека траеше невремето беше оневозможен сообраќајот во градот, поради лошата атмосферска канализација.

-При секое врнење на дожд, се јавуваат проблеми на улиците во Кичево. Некои улици се ризични за движење и за автомобилите и за пешаците. Ова се случува поради немањето атмосферска канализација. Се создаваат вистински езерца, посебно на дел од улиците „11 Септември“ и „Борис Кидрич“. Треба да поминат повеќе часови за од овие улици водата делумно да се повлече и движењето колку-толку да се нормализира – велат граѓаните на Кичево.

З.А.