Поради загадувањето, бесплатен градски превоз во Битола

40

Согласно Одлуката за субвенционирање на бесплатен јавен градски превоз на патници во денови со високи нивоа на концентрации на суспендирани честички РМ10 во амбиентниот воздух над 100 μg/m3, донесена од Советот на Општина Битола, денеска јавниот градски превоз е бесплатен.

Известувањето е објавено на веб страната на Општина Битола. На автобусите ќе бидат истакнати табли дека провозот е бесплатен.