Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

133

Oпштинa Куманово денес од 14.45 до 15.40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во водеците и атмосферската каканализација на повеќе места во централното градско подрачје и населбите Перо Чичо, Бабин Дол и населбата Доброшане.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи, на телефонскиот број за итни повици 195 има пријави од граѓани за поплавени подруми од куќи, свечилиште, непроодни улици, затнати шахти. За сите јавувања веднаш се известени надлежните служби во Општина Куманово.