Пожар во кавадаречко

70

Пожар избувна денеска во месноста Белград, кавадаречко. Пожарот попладнево е ставен под контрола, но се следи состојбата со цел да не се појави нови жариште. 

Од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци изјавија дека пламените јазици зафатиле нискостеблеста шума и трева. Во гаснењето учествуваат едно противпожарно возило и четворица пожарникари.