Подобри услови во клоновите на градинката „Рада Поцева“

20

Кавадарци

Општина Кавадарци деновиве реализира проект за подобрување на условите и нивото на безбедност на четири клона на градинката „Рада Поцева“. Финансиската конструкција изнесува 2.148.949 денари и опфаќа оградување, осветлување, стреи и детски играчки. Со овој проект се опфатени објектите „Гроздоберче“, „Детелинка“, „Снежана“ и „Бубамара“.
– Општината го реализира проектот преку договор за соработка со Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. Поддршката се однесува на зајакнување преку финансиска поддршка (мали грантови) за приоритетни мерки на општините – информираат од Општина Кавадарци.
Изведувач на градежните зафати е фирмата „Метал Апостолов“ од Кавадарци.