Подземните води предизвикаа нови поплави во подрумите во Кичево

184

Проблемите со неповолната хидролошка состојба во земјава, проследена со континуирани врнежи од дожд и снег, предизвикаа поплавување на подрумските простории во многу одјекти во Кичево. Проблемот е најизразен во населбите во ниските зони на градот, но и на други места, како што е зградата на влезот во градот кај железничката станица.

– Тамам малку се подобри состојбата со подземните води, кои предизвикаа полавување на подрумите во нашата зграда подолг период , деновиве подземните води го подигнаа своето ниво, и подрумите се повторно под вода. Приморани сме повторно да интервенираме и со пумпи да ја исфрламе насобраната вода, бидејќи водениот талог и не е така мал. Годинава како никогаш порано, речиси два месеци подрумите останаа под вода, а ние без дрва за огрев и за зимница кои се наоѓаа во овие простории – вели Горан Лазарески, жител на зградата каде најдолго беа полавени подрумските простории.

Ништо подобра не е состојбата и во населбата Подварош, каде останаа поплавени поголем број подруми и други приземни простории на куќи, а причината е што тука се слеваат и подземните води од соседната река Сушица, која пролетва изобилува со вода.

З.А.