ПЕТ „Ендорфин“ со волонтерски активности низ планините во Кичевско

53

Покрај освојувањето на многу планински врвови во земјава и на Балканот, планинарско еколошкото друштво „Ендорфин“ од Кичево, активно е вклучено во повеќе волонтерски активности во регионот.

Минатата година планинарското друштво учествуваше во одбележување на  планинарската патека на планината Добра Вода, а летово активностите продолжија со одбележување, расчистување и освежување на повеќе планинарски патеки во регионот.

-Нашето друштво наместо планинарска тура изминативе денови спроведе две работни акции. Најпрво беа обновени маркациите и целосно беше расчистена планинарската патека од село Брждани до Веливрв на планината Гољак, додека наредниот ден активностите продолжија со преуредување и дотерување на планинарскиот дом во село Прострање. По нашите стапки очекуваме да тргнат и многу млади од градот и со својата волонтерска работа да ги подобрат условите за планинарење и престој во планина во нашиот регион – истакнуваат од планинарското друштво.

З.А.