Патот Кичево-Битола во лоша состојба, возачите реагираат

606

Патниот правец Кичево –Битола е во многу лоша состојба, а на одделни делници патот е толку оштетен, што може да придонесе возилата избегнувајќи ги дупките и нерамнините да завршат во возилата што се движат од спротивен правец во амбис или во нивите.

– Ако само еднаш со возило патувате на релација Кичево- Битола, повеќе нема да ви текне со свое возило да го поминете овој пат, а причина се многуте оштетувања на коловозот полн со дупки и нерамнини, кои во поголемиот дел не се санирани подолг период – велат дистрибутерите на стока, кои речиси секојдневно го минуваат овој патен правец, но поплаки има и од граѓани кои често патуваат на оваа релација.

Дистрибутерите уште додаваат дека поради лошиот пат возилата често им се расипуваат.