Патниот правец Маврово-Дебар прооден за сите видови возила

145

Сообраќајот по регионалниот пат Маврови Анови – Дебар е нормализиран по интервенцијата за расчистување на одронот кај месноста Трница.

Од СВР Тетово ја потврдија информацијата дека механизацијата успеала да го отстрани материјалот кој падна изуринава и го попречи одвивањето на сообраќајот, а извесно време беше во прекин за товарни возила.

Од СВР Тетово ги потсетуваат возачите, дека заради временските услови кои владеат по долината на Радика, да бидат претпазливи поради зачастени одрони.