„Пакомак“ донира 12 контејнери за собирање отпадно стакло

43

Берово

Фирмата „Пакомак“ од Скопје ѝ донира на Општина Берово 12 пластични контејнери наменети за собирање и складирање отпадно стакло. Од локалната самоуправа на Берово велат и овој пат „Пакомак“ е нивен сериозен партнер кога станува збор за собирање и складирање отпад. Донираните контејнери се со капацитет од 1,5 кубен метар и се поставени на фреквентни локации на јавно- прометни површини.
– Садовите за собирање стакло ќе придонесат за засилување на системот за собирање отпад што може да биде реупотребен и рециклиран – сметаат од Општина Берово.
Од локалната власт упатуваат апел до сите граѓани на Берово да ги користат контејнерите исклучиво за селекција на отпадно стакло, како амбалажа од шишиња и тегли, и да се однесуваат одговорно со поставените контејнери.
Оттаму велат дека ова е само почеток на селектирање на комуналниот отпад во општината, при што во иднина треба да се направи селекција и на преостанатиот отпад, зашто само така ќе може да се придонесе кон чиста и здрава животна средина за сите.