О.У. „Браќа Миладиновци“ во Струга одбележа 45 години постоење

69
Фото: Емил Јовановиќ

Со пригодна програма основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, вчера го одбележа својот јубилеј – 45 години успешно постоење и едукација на многу генерации кои поминаа низ неговите училишни клупи.

Фото: Емил Јовановиќ

Во ова мултиетничко училиште учат 1.300 деца, во две смени, а наставата се одвива на три јазици: македонски, албански и на турски јазик.

Гостите ги поздрави директорката Лаура Шате, која истакна дека во оваа образовна установа се работи со многу елан, одговорност и соработка во колективот.

Фото: Емил Јовановиќ

– Горди сме на постигнатите резултати. Заедно реализираме различни прокети, а имаме и поддршка од Општината. Годинава нашите ученици, со помош на своите ментори освоија многу први места на регионални и на државни натпревари во повеќе области и се надевам дека и во иднина мултиетничноста во нашата установа ќе дава одлични резултати – рече директорката Лаура Шате.

Претставникот за образование од Општина Струга посочи дека и во иднина ќе се прават напори да се подобрат условите за учење на ова училиште.

На најдобрите ученици и ментори им беа доделени книги, донација на „Нова Македонија“, за што домаќините од срце се заблагодарија со Благодарница.

Фото: Емил Јовановиќ

Учениците на три јазици ја изрецитираа и песната „Тга за југ“ на Константин Миладинов, а патронатот беше прославен со иведба на повеќе музички точки.

М.Т.