Отежнато водоснабдување поради честите дефекти на мрежата во Тетово

971

Големите количини вода од природните извори кои се карактеристични за пролетниот период кои потоа стигаат во тетовската водоводна мрежа се причина за чести дефекти на старата мрежа и прекини во снабдувањето. Вакво е објаснувањето на комуналното претријатие за отежнатото водоснабдување во период кога има над 370 литри вода во секунда што се смета за доволно за градот Тетово.

– Очекувана е ваквата состојба. Во мај се очекуваат уште повеќе, до 500 литри водат во секунда. Лани слично се случуваше по 4-5 дефекти, дневно. Сега зависи колква цевка е пукната од високиот притисок. Ако на пример „Фи-200“ цевка е проблемот, половина град нема да има вода. Кога нема прекини, вода има доволно, рестрикции нема – вели директорот на ЈКП Тетово, Џелал Цека.

Реконструкацијата на старата градската водоводна мрежа е следниот предизвик на локалната самоуправа во напорите за надминување на недостигот на водата за пиење. Новиот водоводен систем за снабдување со дополнителни количини вода беше пуштен во употреба во септември 2017 година по речиси 20 годишна изградба.

А.С.