Отворен нов објект за згрижување на предучилишни деца во Кавадарци

82

Голема радост за 75 семејства кои ќе го решат горливиот проблем на згрижување на нивното дете во детска градинка. Видно возбудени децата и нивните родители денеска присуствуваа на свеченоста по повод пуштањето во работа на новата градинка „Буба Мара“ во кругот на Здраствен дом Кавадарци која ќе згрижува 75 дечиња од 3 до 6 години. Директорката на градинката Цанка Добринова истакна дека за децата ќе се грижат 6 воспитувачки и негователки и три помошни лица, а трите занимални се опремени со современи дидактички помагала и опрема за забавни активности.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев подвлече дека општината има изготвено физибилити студија за наредните две години кога се очекува да бидат сите деца згрижени во градинка. Официјално пред една година листата на дечиња кои чекаа запишување во градинка изнесуваше 360, но неофицијално се смета дека бројот на дечиња кои имаат потреба од згрижување во градинка изнесува околу 600.

Отворањето на новата градинка во Кавадарци го поздрави и министерката за труд и социјала Мила Царовска која изрази задоволство што во последната година се забрзува динамиката на отворање на детски градинки што од друга страна дава подобар старт на тие дечиња во основното бразовани, па и понатаму во образовниот прцес. Од Министерството покрај средствата од донатори за опремување на градинката се обезбедиле 1.400.000 денари.

М.М