Отворена манифестацијата „Кавадаречка културна есен“

40

Со изложбата на Меѓународната радовишка ликовна колонија Св. Илија 2018 и блуз
концерт на „Иги мен трио“ синоќа свечено во Домот на културата „Иван Мазв Климе“ во Кавадарци беше отворена манифестацијата „Кавадаречка културна есен 2018“.

Отворањето беше означено со звуци на фанфари и настап на наставниците по труба од ОМБУ „Лазо Мицев Рале“, Звонко Богев, Петар Арсов и Васко Рошков. За третата по ред меѓународна ликовна колонија во Радовиш говореше организаторт на колонијата Душан Коцев и за квалитетот на делата од годинашнава колонија кои ги создадоа уметниците од Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија и Монголија. Меѓу годинашниве учесници ги уздвојуваме Стефан Хаџи-Никлов, Новица Трајковски, Владимир темков, Мита Ристиќ, јелена Вусуровиќ, Наташа Радосавлевиќ, Марјан Крстев и Запро Запров.

Вистинско музичко доживување вечерта приреди речиси двочасовниот концерт на
„Иги Мен Трио“ во состав и Игор Станоевски Игимен гитара и вокал , Петре Ангелов Фиш бас гитара и вокал, Горан Митрев тапани и како гостин Рената Симоновска вокал. Игимен и неговата одлична свирка публиката ги награди со бурен аплауз.

Во рамките на годинашнава манифестација „Кавадаречка културна есен“ директорот
на Домот на културата Александар Малинков најави бројни настапи, а за оваа седмица
театарската работилница и театарската претстава „Чиста хероина“ на Даста академија.
Ми.М.