Општина Тетово ќе купува автобуси за јавен градски превоз

148

Преку вонредна седница на Советот, општина Тетово одлучи да се задолжи преку повикот од проектот за подобрување на општинските услуги на Министерството за финансии и Светската банка со цел да се набават автобуси за јавен градски превоз.

Во отворената расправа за точката за набавка на автобуси за потребите на Јавното претпријатие за јавен транспот, советниците реагираа дека општина Тетово се задолжува да купи автобуси, а не се се направило доволно да му се помогне на автотранспортното претпријатие Полет да опстане.

-Општината досега не покажа никаков интерес да проработи новото претпријатие “Тетово транспорт” и покрај тоа што имаше ветена донација за градски автобуси од град Скопје- рече Александар Велјановски од од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.

Советниците не дозволија да помине предлогот, за изградба на 45 автобуски станици за чекање на територијата на општина Тетово, фирма која ќе ги направи за возврат на тоа во рок од 10 години да менаџира со закупот на рекламниот простор на постојките.

-На денешната 13 та седница, советниците одбија да гласаат за оваа точка од дневниот ред, со образложение дека не се разгледани сите опции кои ги има општина Тетово со потпишувување на овој договор-рече советникот Ариф Селами.

Советниците изгласаа давање приоритет за изградба на кружен тек на кртосницата на улицата “29 ноември” и булеварот “Видое Смилевски – Бато”. Во отворената расправа се реагираше дека општината има многу приоритети на кои треба да работи, а како пример ги посочија крстосницата на булеварот “Благоја Тоска” и улицата “Љубо Божиновски – Пиш”, неозначените пешачки премини низ градските улици и нерегулираниот сообраќај пред училиштата.