Општина Битола издвои 40.000 евра за изградба на модуларната болница

456

Општината Битола од општинскиот буџет ќе издвои 40 илјади евра за изградба на модуларната болница, која почна да се гради наспроти инфективното одделение во кое се сместени најтешките болни од ковид-19.

Донацијата се состои во вид на услуги и добра на Клиничката болница во Битола за изградаба на модуларна градба за вршење на здравствена дејност.

Услугите и добрата кои ги дава Општина Битола ќе бидат 2,5 милиони денари, со кои што ќе се извршат подготвителните активности за подигнување на модуларната болница. Од буџетот на Општина Битола ги продолжуваме вложувањата во здравствениот сектор, со овие конкретно 40 илјади евра, Општина Битола досега во овај кризен период на Клиничката болница и на Центарот за јавно здравје, ги има помогнато со паричен износ од 80 илјади евра, изјави претседателот на Советот а Битола, Валентин Груевски.

Активностите за изградба на модуларниот ковид центар веќе почнаа. Се очекува да биде готов за три недели. Во овој ковд центар ќе се сместуваат пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Центарот ќе содржи две модуларни градби кои ќе имаат интегриран тријажен центар со стационар и една модуларна градба со независен тријажен центар со капацитет од околу 90 до 120 легла.

– Во модуларниот центар пациентите ќе имаат современи услови за третман од ковид-19 со сѐ што е потребно за нивно лекување, вклучувајќи ренген и ехо апарати, вели градоначаланичката на Битола – Наташа Петровска.

М.М.