Од утре градежни работи на патот Неготино – Лакавица, сообраќајот ќе се пренасочува

56

На регионалниот патен правец Неготино – Лакавица од утре ќе се извршуваат градежни работи на пат, реконструкција на мост на реката Вардар кај село Пепелиште. За таа цел сообраќајот ќе се пренасочува по земјениот пат село Пепелиште – Криволак за возила со вкупна тежина до 7,5 тони.

Како што информира АМСМ, на самото место ќе биде поставена соодветна вертикална сообраќајна сигнализација. Овој сообраќаен режим ќе трае до завршување на градежните активности.