Одржан мини саем за наградените истражувачки проекти во Битола

62

Денеска во Битола во организација на Фондот за иновации и технолошки развој и Општината се одржа мини саем, на кој беа презентирани наградените истражувачки проекти од јавниот повик „Предизвик за млади истражувачи“ .

Целта на мини саемо беше промоција на проектите, како и подигнување на свеста кај младите за заштита на животната средина. Своите проекти ги претстават шест училишта од државава.

– Овој саем е од особено значење затоа што преку овие проекти се излегува од теоријата на хартија и им овозможува на младите луѓе низ реални експерименти и низ реални истражувачки  методи, она што го научиле во теоријата да го применат во пракса. Ова отвора широки врати за младиот ум, за жуборот на творечкиот дух, но и на иновативноста и навистина во оваа насока треба и да продолжиме. Особено ме радува што младите луѓе се заинтересирани за ваквиот вид истражување, но и наставниот кадар кој дава сериозна поддршка во ваквите програми – рече градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Според зборовите на директорот на Фондот за иновации, Јован Деспотовски, програмата почна пред две години и досега зеле учество над 50-тина основни и средни училишта од Македонија. Дополнително, фондот има уште две програми кои што ги реализираат со Американската агенција за меѓународен развој УНИЦЕФ и во рамки на сите три програми.

– Целта е да се поттикнува критичкото и креативно размислување кај младите и сето тоа да води кон охрабрување на младите да останат во нашата држава и да развиваат свои бизниси тука што е исклучително многу важно – истакна Деспотовски.

М.М.