Одбележување на годишнината од прогласувањето за светци на тројцата монаси во „Света Пречиста Кичевска“

115

На утрешниот верски празник Илинден, во манастирот „Пресвета Богородица Пречиста“ кај Кичево, ќе биде одбележана годишнината од прогласувањето за светци на Пречистанските преподобни маченици Светите Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј, кои биле монаси во овој манастир во 16 век и кои настрадале кога храмот бил нападнат од османлиската војска а тие за ширење на христијанската вера биле обезглавени.

Тројцата монаси воедно претставуваат првите светци прогласени од новата преродена македонска православна црква. Чинот на нивното прогласување за свети се случи на 2 август 2012 година. Покрај одбележувањето на овој чин, во манастирот ќе биде служена и Света божествена литургија по повод големиот верски празник Илинден, а традиционално на овој ден, храмот го посетуваат голем број на верници од кичевијата као и од соседните општини и градови. З.А.