Одбележан Светскиот ден на првата помош во Кичево

296
Фото: Зоран Антоски

Под мотото „Не ви е потребна лиценца за да спасите нечиј живот“, Општинската организација на Црвениот крст од Кичево, Светскиот ден на првата помош, го одбележа со посета на детската градинка„ Олга Мицеска“, каде што едукатори и демонстратори од Црвениот крст, имаа теоретско и практично предавање како може да се пружи прва помош без притоа да се нема соодветна лиценца.

Фото: Зоран Антоски

-Светскиот ден на првата помош, нашата основна организација го одбележа со посета на детската градинка„ Олга Мицеска“. Беа извршени предавања за вработените и за децата во градинката, како да се пружа прва помош без притоа да се има соодветна лиценца, за да се спаси нечиј живот. Покрај теоретскиот дел што беше извршен од страна на квалификувани едукатори, од страна на нашите волонтери, беше извршена демонстрација како се пружа прва помош на возрасно лице што беше наменето за вработените во градинката и на дете, наменето за деца од 4-6 годишна возраст, кои ја посетуваат  градинката. Предавањето побуди голем интерес, како кај возрасните така и кај најмладите и, тие беа целосно фокусирани кон презентацијата и предавањето од страна на нашите волонтери и вработени- истакна Бесник Селими, секретар на ОО на Црвениот крст  во Кичево.

Зоран Антоски