Одбележан Денот на четвртиот пешадиски баталјон во Кичево

239
фото: Зоран Антоски

Денес припадниците на 4. пешадиски баталјон, во касарната „Чеде Филипоски-Даме“ во Кичево, го одбележа Денот на единицата 21 мај.

Одбележувањето се реализираше во услови кога припадниците на баталјонот заедно со останатите припадници на армијата се ангажирани во поддршка на државните институции во спречување на ширењето на пандемијата од коронавирусот.

На свеченоста се обрати полковник Бесник Емини, командантот на 1. пбр, кој го честиташе Денот на единицата и истакна дека треба да се продолжи со професионално извршување на дадените задачи и обврски во услови на пандемија.

Свое обраќање имаше и командантот на единицата потполковник, Горан Трајаноски, кој се осврна на реализираните активности во изминатиот период.

По повод денот на единицата беа доделени стимулативни мерки за постигнатите резултати во обуката и извршување на секојдневните обврски и задачи во текот на работата, за несебично залагање и јакнење на воениот колектив.

Припадниците на овој баталјон претходно и на дело ја покажаа својата хуманост кога доброволно даруваа 50 единици на крв.

За време на свеченоста, сите присутни држеа прописно растојание меѓу себе, што е во состав со препораките на Владата, како превенција од спречување на ширење на коронавирусот.

З.А.