Одбележан Денот на касарната „Чеде Филипоски – Даме“ во Кичево

104
Фото: Зоран Антоски

Со мала свеченост и по сите протоколи поради ковид-19, припадниците на 4. пб од составот на 1. пешадиска бригада, денес го одбележаа денот на загинувањето на народниот Чеде Филипоски – Даме, чие име го носи кичевската касарна, кој на овој ден во 1945 година го загуби животот во сообраќајна несреќа.

На свеченоста присуствуваше и командантот на 1. пбр, полковник Бесник Емини, со дел од штабот и командантите на потчинетите единици на 1. пбр.

На одбележуваето на патронатот на касарната, за животниот пат и делото на херојот зборуваше командантот на 4. пб потполковник Горан Трајаноски. Во рамките на одбележувањето делегации на 1. пбр и 4. пб положија букети свежо цвеќе пред бистата на народниот херој Чеде Филипоски – Даме. З.А.