Одбележани 17 години од загинувањето на 6 припадници на тетовскиот гарнизон

130

Во тетовската касарна „Кузман Јосифовски Питу“ се одбележаа 17 години од загинувањето на припадниците на Армијата и гарнизонот во Тетово на 5-ти јуни 2001 кои беа убиени во заседа на патот Шипковица-Гајре. На спомен плочата во касарната каде се испишани нивните имиња се положија букети цвеќе.

-Животот на браникот на татковината ги дадоа Исак Руфати, Николче Китанов, Пеце Матичевски, Влатко Миленковски и Благоја Силјановски кои загинаа на 5-јуни во заседа на патот Шипковица – Гајре. И на први јули на тетовското Кале загина нашиот шести соборец од тетовскиот гарнизон, Блашко Толев. Во светот на војниците има поговорка „Не вреди да живееш, ако нема за што да загинеш“. Вистинската загуба е кај семејствата на кои ништо не може да им биде надополенто. Покрај физичката смрт, ние нема да дозволиме да умрат во нашите на сеќавања. Ние таа трага нема да ја заборавиме – рече командантот на гарнизонот, потполковник Гоце Филиповски.

Пред спомен плочата покрај претставниците на тетовската касарна и Армија на Република Македонија, цвеќе положија членови на Сојузот на борци, Одбор на бранители, Резервни офицери и Сојузот на воени инвалиди.

А.С.