Обука за образованието, семејството и менталното здравје во време на ковид-19

26

ГЕВГЕЛИЈА

Вработените од градинката „Детска радост“ во Гевгелија учествуваа на обука за професионален развој на тема „Образованието, семејството и менталното здравје во време на ковид-19“. Обуката ја организира Општина Гевгелија, како дел од соработката со институтот „Европа за тебе“, а се реализира во просториите на градинката.
Обуката опфати поттеми од областа на психологијата, педагогијата и социологијата, како на пример „Предизвиците пред менталното здравје за време на пандемијата на ковид-19“, „Модели на вербална и невербална комуникација со децата во услови на пандемија“ и „Улогата на семејството и масовните медиуми за време на ковид-19 – предизвици и последици“. Излагачи на темите беа проф. д-р Ана Фрицхаид, проф. д-р Елизабета Томевска-Илиевска и проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова. Целта на обуката е продлабочување на знаењата и развивање на компетенциите за работа со деца во услови на пандемија, како и јакнење на личните капацитети за справување со стресни ситуации на индивидуален, професионален и семеен план.