Облачно со локални врнежи од дожд

688

Променливо облачно со локални врнежи од дожд. Попладне ќе има и ретка појава на грмежи, особено во планинските подрачја. Ќе дива слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 16 до 26 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 24 степени.

УВ индексот ќе изнесува 6.

В недела ќе преовладува стабилно и суво, освен во крајните јужни делови. Од понеделник во попладневните часови повторно на повеќе места ќе има појава на пороен дожд и грмежи.