Облачно, попладне нестабилно на места со пороен дожд и грмежи

646

Променливо облачно, попладне нестабилно на места со пороен дожд и грмежи, особено во централните и источните делови на земјава. Ќе дува умерен југоистоен ветер.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 16 до 27 степени.

Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 25 степени.

УВ индексот ќе изнесува 6.