Ноќно скијање во Битолскиот ски-центар „Нижо Поле“

145

ЈП „Стрежево“- Битола синоќа изврши последен тест на осветлувањето на скијачките патеки во ски центар „Нижо Поле“ и тие се подготвени за старт на вечерашното ноќно скијање.

Од ЈП „Стрежево“-Битола информираат дека освен патеките за скијање, со т.н. „панично осветлување“ осветлени се пристапните патеки и двата паркинзи на ски-центар „Нижо Поле“.

-Снег има и тоа е најважната информација за љубителите на рекреативното скијање, но исто така подготени сме да овозможиме и ноќно скијање. Синоќа ги направивме последните подготовки и тестови за осветлувањето и активирањето на т.н. „панично осветлување“ доколку тоа биде потребно. Двата ски лифта се осветлени со 65 канделабри и тоа е доволно за непречено скијање ноќе, истакна Методија Граматковски, генерален директор на ЈП „Стрежево“-Битола.