Нов паркинг кај паркот „Полана“

86
На новоизградениот паркинг ќе има простор за 40 возила

Кавадарци

Општина Кавадарци кај паркот „Полана“ гради нов паркинг простор, кој ќе овозможи паркирање на уште 40 возила. Оперативата на ангажираната фирма „Градба промет“ од Кавадарци работеше на шалување на одводната решетка за зафаќање на атмосферската и површинската вода од идниот паркинг на просторот од некогашниот „Ан“.

– Според проектот, на површина од 1.100 квадратни метри се гради плато за паркинг, кој ќе биде поплочен со бехатон-плочки. Општината преку ангажираната оператива го реализира расчистувањето на теренот, а беше проширен и влезот од улицата Лазо Мицев. Веднаш потоа беа преземени активности за порамнување и тампонирање на платото – информираат од Општина Кавадарци.

Како што најавуваат надлежните, според проектот, паркингот во ноќните часови ќе биде осветлен со јавно улично осветлување за што е поставена нисконапонска мрежа за десет метални канделабри со висина од четири метри за лед-светилки. Секоја од нив ќе биде со јачина од 40 вати.

Новиот паркинг простор ќе го намали недостигот од паркинг места и ќе им олесни на граѓаните полесно да се снаоѓаат за паркирање, особено во пазарните денови.