Нов објект параклис во дворот на тетовската црква Света Богородица

1222

Тетовската црква Света Богородица добива параклис. Објект е изграден со помош на донации на верници, а се реализира по првична идеја за помошен објект за палење на свеќи.

-Црковниот одбор по добиените препораки од ликовни експерти дека горењето на свеќите во внатрешноста на црквата не е добро за фреските, минатата година реши да започне со градење на помошен објект. Со благослов на митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф објектот прераснува во параклис, кој најверојатно за еден месец ќе биде и осветен-изјави Небојша Недељковиќ, благајник во црковен одбор.

Со градбата се започна во септември 2017 година. Сега треба да се работи на фасадата и во обликување на внатрешноста, да се постави оков и слична инфраструктура.

-Иако се собраа средства од над 15 илјади евра потребни се уште средства. Само бакарот на кровот чини доста над 4 илјади евра. Со оглед на висината на инвестицијата, потребни се уште парични средства или било каква помош која верниците можат да ја дадат за да се заврши изградбата на овој објект-рече Недељковиќ.

На состанок на црковен одбор треба да се разгледува името на параклисот.

А.С.