Нов видео-надзор на кичевските градинки

176
Фото: Зоран Антоски

Во рамки на подготовките за рестарт на детските градинки во земјава, во Кичево се заокружуваат активностите со цел градинките што поподготвени да ги пречекаат децата. Покрај целосната дезинфекција на сите објекти, опремата и инвентарот, деновиве трите градинки во градот ќе добијат нов видео надзор и ќе бидат под 24-часовен мониторинг и целосно безбедни од неповикани посетители.

– Подготовките на трите детски градинки во Кичево и една во село Пласница за новата сезона се целосно завршени и, последен чин е поставувње на видео надзор на сите наши објекти во градот. Системот ќе биде инсталиран деновиве и на тој начин градинките ќе бидат побезбедни и во период кога се празни. Покрај на видео-надзорот, работиме и на бројноста на деца кои ќе можат да престојуваат во нашите градинки. После темелни анализи и насоки на министерството, дојдено е до оптимална бројка на деца од 60 проценти, споредено со претходниот период, за целосно безбедни да престојуваат во градинките. Така за рестарт сметаме на помал број деца. Тоа е доволна бројка за децата да бидат безбедни и под целосен надзор на вработените за време на нивниот престој во градинките – истакна директорот Садик Ахмети, кој дава голем придонес во средување на градинките во последните неколку години. З.А.