Нови тавани и ЛЕД-осветлување во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“

170

Изминатите денови почнаа работни активности за реконструкција на таваните и поставување ново ЛЕД-осветлување во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“.

Исто така, паралелно со овие активности, општинските власти работат и на поврзување на објектот на новата спортска сала со котларницата за парно греење, која се наоѓа во подрумските простории на училишната зграда. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 630 илјади денари, а тие се обезбедени од буџетот на општината Охрид.

Во текот на изминатиот период во ова училиште беше извршена реконструкција на покривот со нов лимен покривач, беше поставена нова дограма и беа реновирани дел од училниците.

Според планираното, во текот на наредниот период е предвидено поставување на нова енергетски ефикасна фасада на училишната зграда и реконструкција на училишната работилница за практична настава.

Исто така, во текот на наредниот период, со средства на локалната самоуправа, планирано е да се изврши замена на подовите во сите училишни простории.