Никола Главинче e нов претседател на Ротари клубот Битола

90

Познатиот адвокат, Никола Главинче е нов прв човек на Ротари клубот Битола.
Примопредавањето на функцијата претседател на Ротари клубот Битола, се изврши откако на досегашниот претседател Васко Талевски, му заврши мандатот.

За секретар на клубиот е избран Илија Јолевски.

Инаку, Ротари клубот Битола, кој е возобновен во 1998 година во изминатата 2019/2020 година беше организатор на бројни активности и проекти со кои помогна во остварување на мисијата на ротаријанството.

Помеѓу другите се донациите на парични средства и опрема на здравствените институции во справување со вирусот ковид-19, донација на Апарат ЕЕГ догитрак, неуро-фитбек апарат, со кој се осовремени третманот на децата со атипичен и типичен развој во одделенито за ментално здравје при Клиничката болница Битола.

Во Ротари клубот Битола членуваат 32 членови, лидери во своите области на делување, истакнати стопанственици, професори, правници, лекари, инженери… Највозрасниот член има 75, а најмладиот 33 години. М.М.