Нема излевање на реките, водостојот незначително зголемен

65

Врнежите од дожд во изминатите два дена предизвикаа незначително зголемување на водостојот на реките во државата и не е забележано излевање на водата од нивните корита.

Од Управата за хидрометеоролошки работи не очекуваат излевање кај поголемите реки, додека кај помалите реки и суводолиците можно е брзо зголемување на водостојот доколку врнежите бидат поинтензивни, дури можни се и локални излевања при силни интензивни врнежи.

Во градските средини доколку нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и  град, можно е излевање на водата по градските улици и подвозници поради неможноста за нејзино впивање или запушување на канализационата мрежа.

При силен ветер можна е и појава на бранови на природните езера.

Од УХМР препорачуваат внимателно движење покрај помалите реки и суводолиците и претпазливост на оние места каде во текот на денешниот ден и за време на викендот се најавуваат поројни врнежи од дожд.