Нелегална употреба на отровни мамки најверојатно причина за смрта на двојка Царски орли

161

Во атарот на селото Црбени Брегови вчера на местото викано Бунарот со следење на сигналот од трансмитерот беа пронајдени две мртви птици од видот Царски орел ( Aquila helica) Царскит орел е редок вид на птици строго заштитен со закон за ловство во нашата држава и е дел од црвената листа на загрозени видови наптици во Европа на кои им се заканува изумирање.

-На една од мрвите птици од страна на ММЕ –Birdlife Internacional – од Унгарија беше прицврстен сателитски предавател со помош на кој во последните 5 години беше следено нејзиното движење и животните навики што е од исклучителн значење за научниците за подобро да се проучат карактеристиките на видот. Пред неколку години за Царското орле Викторија на кое поставивме трансмитер информиравме иво „Нова Македонија“. Ова орле од Македонија стигна до Балтичко море па се до Казастан по што за шест месеци повторно се врати во Македонија Затоа загубата на оваа птица е уште посериозна – вели Емануел Лисичанец од Здружението за заштита на природата „Аквила“ од Кавадарци.

Лисичанец ни потврди дека според знаците видливи на телата на мртвите птици ( згрчени канџи и исцедок од носната шуплина) се претпоставува дека причина за смртта на царските орли е отровна мамка.Исто така на оддалеченост од педесетина метри пронајдено е мртво тело на Шакал (Kanis aureus) што уште повеќе ја потврдува претпоставката дека животните се жртви на илегална употреба на отровни мамки како дел од борбата на луѓето со предаторите. И Шакалот исто така е заштите вид со законот за ловство.

Зарди насилната смрт на овие заштитени видови на жиовтни, од страна на ЗЗП „Аквила“ беа повикани и вчера излегоа на терен полициски инспектори од МВР Неготино и регионалниот ветеринарен инспектор од Кавадарци по чиј увид на самото место телата на птиците и Шакалот се испратени на анализа во Институтот за ветерина во Скопје.

-За жал илегалната и неконтролирана употреба на отрови заради различни причини е широко распространета и прави огромни штети во природата. Употребата на отрови е насочена кон волците,лициците и кучуњата скитници но за жал најчесто жртви се се други корисни, ретки и загрозени видови на животни и птици. Како резултат на труење во последните десетина години популацијата на птиците мршојадци е доведена до критична точка пред исчезнување од нашата територија и покрај огромните напори на поединци ентузијасти за нивно зачувување. Важно е да се напомене дека многу тешко се доаѓа до информација за случаи на труење што значи дека голем дел од нив се провлекуваат незабележани или пак се дознава редоцна. Се надевам дека сторителите на ова труење со кое изгубивме драгоцена двојка на царски орли ќе бидат пронајдени и соодветно казнети- подвлекува Емануел Лисичанец од „Аквила“ Кавадарци.

Мирјана Мукаетова