Независниот синдикат со поддршка за суспендираните полицајци од Битола

510

Независниот полициски синдикат предводен од претседателот Гоце Делчев Тодев попладнево во Битола организраше мирен мотопротест, со кој им дадоа поддршка на суспендираните битолски полицајци.

Тие на протестот побараа двајцата полицајци од Битола, кои се суспендирани да се вратат на работа, а институциите како што се Одделот за внатрешна контрола, Јавното обвинителство и судовите врз основа на фактите и доказите да го расчистат случајот со бруталното тепање на неколкумина Роми.

Припадници на Независниот полициски синдикат со своите возила два часа вртеа низ битолските улици барајќи надлежните да ја преиспитаат одлуката за супсензија на двајцата полицајци од Битола.

Гоце Делчев Тодев претседател на Неависниот синдикат на полицијата побара институции при донесувањето на конечната одлука да ги земат во предвид сите факти, па и втората снимка, која излезе на социјалните мрежи, а на која според него јасно се гледа дека едно од лицата се дрзнало да нападне еден од полицајците.

– Според наше видување полицајците постапувале соодветно, односно законски.
Мора да сме реални и да го земеме предвид сето она што го предизвикал граѓанинот, дали е тој Ром, Македонец или Албанец, не станува збро, туку станува збор за лице кое влегува конфликт со полициски службеник на кој условно кажано му оди преку глава цела ситуација и моментот во кој се наоѓа. Осудата за нив значи и осуда на нивните семејства – рече Делчев Тодев. М.М.