Најмногу дожд наврна во Маврово, Крива Паланка, Демир Капија и Прилеп

139

Попладнево нашево подрачје постепено потпадна под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која предизвика интензивни врнежи и грмежи. На повеќето места во земјава имаше пороен дожд, грмежи, силен ветер и силни електрични празнења, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

До 20 часот најмногу дожд наврна во Маврово, Крива Паланка, Демир Капија и Прилеп (25 l /м2 воден талог во Маврово, 18 во Крива Паланка, 13 во Д. Капија, 9 Прилеп, 8 во Скопје- Петровец, 6 Ѓуриште, 4 Скопје на Зајчев Рид, 2 Берово и 1 литар во Струмица).

Во текот на ноќта се очекува постепено стабилизирање на атмосферата над нашето подрачје.