Награда „Гран При“ на манифестацијата „Малиот битолски Монмартр“ за Марија Дима

87

Добитник на најпрестижното признание на годинашната манифестација „Мал битолски Монмартр“, која треба да се одржи во месец мај, е Марија Дима од Букурешт, Романија. Вака одлучи стручното жири на Манифестацијата, кое деновиве ги селектираше пристигнатите илјадници ликовни творби. На конкурсот, кој траеше до 20-ти февруари, учествуваа околу 300 школи, ликовни студиа, градинки од 33 држави со над 15.000 детски цртежи.

Стручното жири покрај наградата „Гран при“ од вкупно пристигнатите творби додели награди за учество на Малиот Битолски Монмартр. Наградите вклучуваат награда за колекции, златни палети, дипломи, а селектираше 717 најдобри дела за 38-та Светска изложба која ке биде поставена и отворена на 23 мај и ќе трае до крајот на 2020 година. Изложбата секоја година е посетувана од голем број туристи и љубители на уметноста.

И покрај пандемијата со коронавирусот, Детското ликовно студио „Кирил и Методи“ вредно работи на организирање на Манифестацијата, која веруваат дека ќе се одржи во закажаниот термин од 23 мај.

М.М.