Меѓународен параглајдерски натпревар на Попова Шапка

400

Мартин Јовановски e севкупен победник на Параглајдерскиот натпревар „Љуботен опен 2018“ кој деновиве се одржа на Попова Шапка, кој воедно го освои првото место и во сериска категорија.

Во сите категории, но и во сериска категорија на второто место беше Борјан Јованоски, додека трет беше Дарко Станковски, кој пак, беше најдобар во спортската категорија. Во оваа категорија, на второто место беше Златко Спиркоски, а на третото Александар Ангелоски.

Овогодинешниот „Љуботен опен“ траеше 4 дена, од 24 до 27 мај. Трките во дисциплнина прелети беа со старт на Попова Шапка на местото Репетитор. Се леташе по падините на Шар Планина, на две рути, северно до Љуботен и јужно до Вруток, до неколкуте одредени места за слетување.

Натпреварот беше од меѓународен карактер на кој учествуваа 38 учесници од Македонија, Бугарија, Грција, Косово, Турција, Германија и Словачка, а во организација на Летачкиот клуб Љуботен од Тетово со покровителство на Воздухопловна Фередација на Македонија.

А.С.