Локалните жители повторно го блокираат патот Кичево-Осломеј

110
Фото: Зоран Антоски
Втор ден жителите од село Гарани ја спроведуваат  двочасовната блокада на патот  Кичево-Осломеј. Локалните жители го изразуваат своето незадоволство на овој начин поради одлагање на комуналниот отпад во непосредна близина на селото. Тие најавуваат натамошни блокади на патот, се додека не престане одлагањето на комуналниот отпад.
 
Жителите посочуваат дека блокадите ќе се случуваат во оние часови, кога  на патот ќе треба да поминат специјалните возила за комунален отпад за да го оневозможат одлогањето на нивниот товар.
 
– Овие блокади единствено се одраз на нашето незадоволство поради нелегалното одлагање на комуналниот отпад во непосредна близина на нашето село. Бараме овој отпад да се одлага на друго, соодветно место, за да може нашето село како и  до сега да има чиста и здрава  животна околина, што беше случај изминатите години и децении – велат жителите од село Гарани.