Ликовна уметница од Скопје понуди да ги реставрира муралите во Кичево

680
Фото: Зоран Антоски

Повеќемина уметници пројавија интерес за спас на муралите насликани на повеќе кичевски згради пред четири децении, по написот во „Нова Македонија“ од пред неполн месец за нивните големи оштетувања. Најконкретна беше понудата на ликовната уметница по потекло од овој град, Елеонора Панѕова, која се понуди за симболичен надомест да ги реставрира муралите.

– Кога го прочитав текстот за пропаста на муралите нацртани на повеќе згради во мојот роден град, во времето кога тука се одржуваше манифестацијата „Курирче“, јас иако не го паметам создавањето на овие мурали, сепак, со оваа уметничка техника сум многу блиска, бидејќи изработката на мурали е нешто што најмногу ме преокупира во последните 10-ина години. Затоа би предложила, за скромен надомест да ги реставрирам овие мурали, единствено ќе треба да се обезбедат соодветни бои и скеле за работа. На овој начин би сакала барем малку да му се оддолжам на родниод град, и кога тука ќе се навраќам ќе се присетувам на муралите што јас ги вратив во живот- потсети Елеонора, уметница од главниот град со кичевски корени. З.А.