„Летна културна сцена“ во Радовиш

50

Во текот на јуни, јули и август граѓаните на Радовиш ќе имаат можност да го проследат годинашното проширено издание на летната културна програма „Летна културна сцена 2018“.

Преку разновидна програма исполнета со концерти, фестивали, книжевни промоции, кино проекции, теарски претстави и настапи на културно уметнички друштва организаторите ќе им понудат на радовишани голем број настани.

Инаку, организатори на манифестацијата „Летна култрна сцена 2018“ се општина Радовиш, Центарот за култура „Ацо Караманов“, Библиотеката „Браќа Миладиновци“ и здруженија од областа на културата.