ЛЕД-рефлектори за сите училишни игралишта

25

Гевгелија

Со нови ЛЕД-рефлектори сега се осветлени ООУ „Крсте Мисирков“ и ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија. Проектот е реализиран преку акцијата за редовно одржување на мрежата на уличното осветлување, игралиштата и дворните површини во основните училишта во Гевгелија.
– Ревитализирано е и осветлувањето во сите училишни игралишта во населените места, а поставени се и нови светилки каде што е утврдено дека има потреба од нив.

Одделението за комунални работи и локални патишта изврши комплетен сервис на археолошкиот локалитет Вардарски Рид – соопштуваат од Општина Гевгелија.
Со новото осветлување на дворните површини и игралиштата во училиштата и на Вардарски Рид се зголемени прегледноста и безбедноста во текот на ноќните часови.